Чувствувам тегоби во градите, брзо се заморувам… Одненадеж ми се појави покачен крвен притисок..Дали треба да ја проверам тироидната жлезда?

Тироидеата е жлезда која го регулира целокупниот метаболизам на телото и промените во нејзината функција предизвикуваат специфични и неспецифични симтоми. Многу често се случува нејзината намалена или засилена функција да влијаат на срцето и кардиоваскуларниот систем (покрај останатите органи) и оттаму мноштво од симптомите се кардиолошки, па неретко дијагнозата на тиродните заболувања започнува со кардиваскуларна презентација.

Намалената функција на тироидеата – хипотироидизам како и субклиничката форма, се смета дека засегаат околу 10% од популацијата. Тироидните хормони имат важна улога во срцевата функција и васкуларната физиологија и поради тоа хипотиреозата предизвикува сериозни кардиоваскуларни промени, затоа во последно време од голем интерес е влијанието на субклиничката хипотиреоза врз срцето и крвните садови.

За хипотиреоза зборуваме кога имаме јасна слика за намалена функција која покрај типичните симптоми (замор, намалена концентрација, поспаност, пораст на телесната тежина, сува кожа, косопаст, пореметен менструален циклус итн) како и покачен тиреостимулаторен хормон ТСХ над горната граница, а намален слободен тироксин или ФТ4. Субклиничката форма пак, ја карактеризира уредна концентрација на ФТ4 со благо покачен ТСХ.

Кои се кардиоваскуларните и метаболните последици на хипотиреозата

Тироидните хормони дејствуваат на срцето и крвните садови преку одредени рецептори (ТРХ) кои потоа пренесуваат информација во срцевите или клетките на крвните садови и оттаму, намалената концентрација има како последица намалена еластичност и растегливост на левата комора и намален ударен волумен, намалена продукција на азотен моноксид кој е моќен вазодилататор па оттаму зголемена крутост на крвните садови и зголемен периферен отпор. Во целина, кардиоваскуларниот систем станува нееластичен, тром, зголемен е периферниот отпор, покaчeн е крвниот притисoк и доколку целата состојба остане нетретирана, можен е развој на срцева слабост.

Но, тироидните хормони истотака влијаат на синтезата на ренин-ангиотензин-алдостерон системот, поради што на уште еден начин е предизвикан пораст на дијастолниот крвен притисок и појава на дијастолен покачен крвен притисок.Hypothyroidism is a commonly encountered clinical condition with variable prevalence. It has profound effects on cardiac function that can impact cardiac contractility, vascular resistance, blood pressure, and heart rhythm. With this review, we aim to describe the effects of hypothyroidism and subclinical hypothyroidism on the heart. Additionally, we attempt to briefly describe how hypothyroid treatment affects cardiovascular parameters.

Недостигот на тиродините хормони резултира со намалена срцева фреквенција, поради намалена стимулација на рецеторите во срцевиот спроводен систем.

Изразената хипотиреоза може да се манифестира и со излив на течност во срцевата ќеса.

Хипотиреозата влијае на метаболизмот на мастите, намалена експресија на ЛДЛ рецепторите во црниот дроб и намалена активност на ензимите кои ги разложуваат мастите, па се јавува пораст на ЛДЛ (лошиот) холестерол. Истотака, се забележува пораст на маркерите на инфламација, Ц реактивниот протеин ЦРП и хомоцистеин како и појава на инсулинска резистенција, сето тоа води кон забрзана атероматоза на крвните садови и нивно стареење.

Кои се кардиоваскуларните проблеми при хипотиреоза?

Врз основа на гореспоменатите патофизиолошки механизми, пациентите се жалат на замор, покачен крвен притисок, поретко на прескоци во работата на срцето, а при дијагностичките постапки може да се утврдат абнормалност во метаболизмот на маснотиите, гликемијата, инфламаторните маркери како и знаци за атероматоза.

Лекување

Навременото лекување на основното заболување има одлична прогноза. Во секој случај, функцијата на тироидеата треба да се интерпретира внимателно, особено кај возрасни лица каде граничната или благо покачената вредност на ТСХ, треба да се процени не само лабортаориски туку и клинички пред да се започне со терапија.