Чувствувам отежнато дишење кога се движам… Ме разбуди болка во градите…

Дали навистина можеме да го спречиме срцевиот удар?

Срцевиот удар е најчеста причина за смртност во споредба со останатите срцеви заболувања, но и во однос на останатите болести воопшто. Притоа, машкиот пол е доминатно засегнат за да женскот пол веќе околу 60г возраст се  изедначува во тој тренд.

Честопати кога ќе слушнеме дека некому му се случил срцев удар или тој бил дури и фатален, се прашуваме дали тоа било неизбежно и едноставно морало да се случи. Но, потоа, многу често дознаваме дека засегнатиот имал одредени вродени или стекнати предиспозиции кои иако латентни, невоочливи, како да чекале момент да дојдат на светло.

Болката во градите може да се јави од различни причини: од срцето, односно коронарните артреии, од аортата, плеврата, од белите дробови, од хранопроводот, но и од коските и зглобовите на градниот кош.

Општо е познато дека срцевиот удар се случува како резултат на целосно зачепување на една или повеќе од срцевите артерии, коронарки и притоа тоа зачепување може да настане нагло, во претходно навидум здрава, нестенотична артерија или пак во артерија во која процесот на стеснувањето се одвивал постепено, во подолг временски период. Делот од срцевиот мускул, кој останал без крвоток, доколку не се реагира наверемно,претпува усхемија и потоа изумира, што всушност значи инфаркт.  Овој процес на стеснување на срцевите артерии се нарекува атероматоза и кога се јавува во помлада возраст (40год за мажи или 50 год за жени) зборуваме за предвремена атероматоза, односно забрзано стареење на крвните садови.

Причини кои доведуваат до забрзано стареење на крвните садови се генетски, но и нашиот начин на живеење кој може да ни донесе покачен крвен притисок, покачени маснотии, скриена или манифестна шеќерна болест, пушењето, седентарниот начин на живеење, хроничниот стрес…Сите тие можат редвремно да ги остарат крвните садови.

Но, постојат одредени вродени аномалии како аневризматски проширувања на крвните садови, анатомски аномалии, зголемена тромбогеност на крвта кои можат да го блокираат протокот во  крвните садови.

За да можеме да го пресметаме индивидуалниот ризик од срцев удар, обично користиме еуроскоре калкулатор (формулиран од европското здружение за кардиологија) кој ги зема предвид различните фактори (пол, возраст, генетски предиспозиции, покачен крвен притисок, холестерол, гликемија, претходен срцев настан) и со него утврдуваме колкави се ризиците од таков настан во следните 10 години.

На пример маж на 45г возраст, пушач, кој има покачен крвен притисок веќе треба да биде подложен на  основните кардиолошки испитувања како екг, ехокардиографија и корорнарен стрес тест.

Од друга страна, пациентот со одредени ризик фактори, кој веќе се жали на болка во градите особено при напор, не алармира дека треба детално и темелно да ја иследуваме таа градна болка се додека не се докаже нејзината причина.

Кардиолошкиот преглед, особено коронарниот стрес тест ни служат како драгоцена алатка за тестирање на крвните садови на срцето. Со екг и ултразвук на срцето ја прецизираме состојбата на срцевиот мускул и останатите структури, тие се и еден вид меморија (огледало) за претходни збиднувања, на пр, дали пациентот имал покачен крвен притисок, прележал воспаление на срцевиот мускул, дали има вродени аномалии на залистоците итн.. Со стрес тестот  го цениме капацитетот на срцевиот мускул да изврши работа во  услови на зададен напор и еластичноста на срцевите артерии во текот на тој напор и непосредно со него.

Стрес тест може да се изведе на подвижна трака или на ерговелосипед при што потребно е да се постигнат 85% од максимално предвидениот напор изразен во метаболни еквиваленти или вати. Во последно време стрес тестот се комбинира со стрес ехокардиографија со што се зголемува прецизноста во дијагностицирање на коронарна болест, но и други заболувања на срцевиот мускул и структури.

Во тој смисол, оправдана е изреката Миокардот е време бидејќи навременото откривање на проблем во циркулацијата го чува срцевиот мускул здрав, неоштетен.

Ординацијата на др Маја Шушлевска има долгогодишно искуство  во навремено и прецизно дијагостицирање на коронарна болест на срцето користејќи современи, напредни техники во кардиологијата, ехокардиографијата и стрес тест на пoдвижна трака.

Преку услугата kardiopuls.mk пациентите можат да ги закажат неопходните кардиолошки испитувања и да добијат дополнителни информации.