Атеросклероза на срцевите коронарни садови и срцев удар, како да се препознае и дијагностицира?
Кога треба да направиме стрес тест?

Стеснување на крвните садови на срцето и нивното запушување се едни од најчестите заболувања во денешно време и се причина за срцева слабост или смрт.

Но, дали може навремено да се препознаат симптмите и да се дијагностицира стеснувањето на крвните садови кај општата популација и особено кај ризичните групи на пациенти?

Во современата кардиологија се користи алатка со која се пресметува индивидуалниот ризик од срцев удар, а се нарекува еуроскоре калкулатор (формулиран од европското здружение за кардиологија) кој ги зема предвид различните фактори (пол, возраст, генетски предиспозиции, покачен крвен притисок, холестерол, гликемија, претходен срцев настан). Со него утврдуваме колкави се ризиците од таков настан во следните 10 години.

Драгоцена е улогата на стандардните методи на кардиолошка евалуација ЕКГ и ехокардиографија со помош на кои се проценува состојбата на срцевиот мускул, се анализира неговата функција, како и на дополнителните структури, залистоци, срцевата ќеса перикардиум, како и големите крвни садови. Но, овие методи дополнително стануваат попрецизни со примена на коронарниот стрес тест со кој го цениме капацитетот на срцевиот мускул да изврши работа во  услови на зададен напор и еластичноста на срцевите артерии во текот на тој напор и непосредно по него.

Стрес тест може да се изведе на подвижна трака или на ерговелосипед при што потребно е да се постигнат 85% од максимално предвидениот напор изразен во метаболни еквиваленти или вати. Во последно време стрес тестот се комбинира со стрес ехокардиографија со што се зголемува прецизноста во дијагностицирање на коронарна болест, но и други заболувања на срцевиот мускул и структури.

Пoкачен крвен притисок – Хипертензија

АБПМ Холтер за мерење на крвниот притисок

Овој Холтер е најпрецизниот метод за потврдување на дијагнозата за покачен крвен притисок и со неговата примена се намалува непотребното лекување на оние луѓе кои немат покачен крвен притисок во суштина.  Истотака, покажано е дека тој е супериорна метода за да се предвидат компликации од истиот.

Кога е потребно амбулаторно мерење на крвниот притисок?

  • Гранична хипертензија
  • Варијабилен притисок
  • Кога се сомневаме на Бел мантил хипертензија
  • Резистентна (отпорна на терапија) хипертензија
  • Хипертензија во бременост
  • Хипертензија кај постари лица
  • хипотензија при станување
  • Како водич во лекувањето на хипертензијата
  • Како прогностичка алатка за кардиоваскуларни компликации