ПРЕТСТАВУВАЊЕ

“Д-р Маја Шушлевска”

Д-р Маја Шушлевска Павковска е специјалист интернист, кардиолог со повеќегодишно искуство во интерната медицина, пред сè кардиологија.

Има завршено медицински факултет и специјализација по интерна медицина на медицинскиот факултет во Скопје, а своето стручно искуство го надградува со учество во бројни симпозиуми, школи и конгреси во регионот и пошироко.

Д-р Шушлевска Павковска пред оснивањето на сопствената ординација ја раководеше првата приватна ординација по интерна медицина и кардиологија во Скопје 11/2017 – 10/2020, основана од др.Јосиф Наумовски, истакнат кардиолог од клиниката за кардиологија при медицинскиот факултет во Скопје и еден од основоположниците на лабораторијата за катетеризација на клиниката.

Во ординацијата е овозможена целосна кардиоваскуларна проценка на пациенти со ризик за срцеви заболувања и веќе стекнати срцеви болести со помош на дијагностички методи како екг, базична и напредна ехокардиографија, коронарен стрес тест, васкуларен доплер, стрес ехокардиографија и холтер екг. Истотака се одредува и потребата од дополнителни дијагностички методи како, перфузиона сцинтиграфија или коронарографија, а по потреба пациентите се испраќаат и на кардиохирургија.

Кај пациенти кои имаат кои имаат срцева слабост, хемодинамско оптоварување на срцето кое се манифестира со заболување и на белите дробови, како и кај одредени воспалителни или акутни заболувања на белите дробови, се изведува ехо на белите дробови.

Истотака др. Шушлевска има долгогодишно искуство во ултразвучно испитување на стомакот и внатрешните органи (црниот дроб, жолчката, бубрезите, панкреасот, мочниот меур и простатата) со прецизно одредување на васкуларни промени на аортата и бубрежните артерии.

Кабинет за тироидна жлезда – долгогодишно искуство во дијагностицирање, третман и следење на заболувањата на тиродната жлезда: хипотиреоза, хипертиреоза, тироидна очна болест, болести на тиродната жлезда во бременост, бенигни и малигни болести на тироидеата.

Болести на метаболизмот – долгогодишно искуство во дијагностицирање и терапија на пред – дијабет, дијабет тип 2 и тип 1, со симултан скрининг за оштетувања на малите и големите крвни садови (микро и макроангиопатии).

Не одложувајте,

грижете се за себе сега.

ВИДЕА

Ние сме тука да ви помогнеме да научите

Едукација на пациенти